Ристески: Често ќе се радуваме оваа сезона

Амбициозниот тим на Охрид ја стартуваше новата ера под водство на српскиот стратег Борис Ројевиќ, кој веќе ја имаше првата прозивка.

Спортскиот директор на клубот, Славчо Ристески, го откри планот на подготовките и ги најави амбициите за претстојната сезона.

„Базичните подготовки ќе се одвиваат во Охрид, нашиот град има одлични услови за тоа. Учествуваме на “Струшкиот Турнир” од 13-16 август и ќе одиграме 3 натпревари, потоа ни следи Меѓународниот Турнир “Крсте Андоновски” каде ќе одиграме 4 натпревари. Турнирот е во наша организација кој од година во година е се подобар и подобар, па пред првиот натпревар во Македонската машка ракометна лига со екипата на Алкалоид можно е да одиграме уште еден-два подготвителни натпревари. Во ЕХФ Европскиот Куп сме носители и имавме “лесен противник” кој фокусирано треба да се одработи, па чекор по чекор со мала среќа во ждребот барем да ја “презимиме” Европа и да ја полниме СРЦ Билјанини Извори и во февруари. Посакувам сите играчи пред се да се здрави, а со нивниот квалитет позитивните резултати ќе дојдат. Со одличнитот стручен штаб на чело со нашиот тренер Ројевиќ и со поддршката на нашата верна публика мислам дека често ќе се радуваме во оваа сезона“, изјави Ристески.

Охриѓани ќе се подготвуваат покрај езерото, ќе играат најмалку седум пријателски натпревари на двата турнири, и плус уште некој пред официјалниот старт на сезоната и дуелот со „сино-белите“ од Автокоманда.