Некогашниот лев бек на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ, и во наредната сезона ќе остане во Кувајт.
Тој се договори за нова соработка со клубот Бурган, каде настапуваше минатата сезона по заминувањето oд АЕК Атина.
Мандалиниќ мина две сезони во Еурофарм Пелистер, а претходно настапуваше за Сплит, Карловац, Загреб и Фуксе Берлин до 2022 година.
Во Бурган минатата сезона играше Косуке Јасухира, додека од ова лето доаѓа десниот бек на Војводина, Јовица Николиќ.