Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за ЕХФ Европскиот Куп и Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција.
Тимот на Чаир, кој минатата сезона стигна до осминафиналето, за ривал во второто коло го доби словенечкиот состав Ајдовшчина и против овој клуб ќе биде битка за место во третото рунда.
Првиот натпревар Чаир ќе го игра на гостински терен во Словенија, додека реваншот ќе биде во Скопје.
Првите натпревари од второто коло се закажани за 26/27 септември, додека вторите дуели ќе се одиграат на 04/05 октомври.
Покрај Чаир, македонски претставници во ЕХФ Европскиот Куп се Куманово, Металург Автокоманда и Ѓорче Петров.