Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра вториот натпревар од разигрувањето за пласман на Европското првенство во Црна Гора.
По драматичниот натпревар со Литванија, на кој можевме да дојдеме до победа, за Македонија следува дуел со Исланд.
Островјанките загубија од Полска со 26-21 и се уште имаат шанси за прогрес во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место.
На табелата во група Ј, каде што се избраничките на Симе Симовски, Полска е прва со 4 бодови, Исланд е втор со 2 бода, Литванија и Македонија се на делба на третото место со по еден бод.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра во „Верде“ во Подгорица, со почеток од 14:30 часот, а судии ќе бидат Шпанците Раул Ојарзун и Ариц Зарагета.
Европско првенство, распоред на натпревари:
главна рунда
17:00 Австрија – Франција
17:00 Црна Гора – Чешка
17:00 Шпанија – Србија
19:30 Хрватска – Норвешка
19:30 Данска – Унгарија
19:30 Германија – Шведска
разигрување за пласман:
12:00 Фарски Острови – Швајцарија
12:00 Литванија – Полска
12:00 Холандија – Словенија
14:30 Исланд – Македонија
14:30 Романија – Финска
14:30 Турција – Португалија
ЕХФ шампионат, распоред на натпревари:
08:30 Луксембург – Белгија
10:30 Бугарија – Италија
12:30 Украина – Израел
14:30 Грузија – Велика Британија
16:30 Словачка – Косово