Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски и во следната сезона ќе брани во Германија.
Тој потпиша договор на две сезони со клубот Битигхајм, кој испадна од елитната конкуренција и ќе игра во Втората Бундес лига.
Tомовски бранеше за Металург и Вардар, а на интернационална сцена беше дел од Лудвигсхафен и Потсдам, каде што имаше блескави партии особено во вториот дел од сезоната.
„Среќен сум и мотивиран за новиот предизвик. Имав можност да играм против Битигхајм минатата сезона и да се запознаам со квалитетите на тренерот Икер Ромеро. Откако зборував со него, одлуката беше лесна. Целите се јасни, имаме ист план. Затоа јас сум на вистинското место“, изјави Томовски.
Битигхајм е предводен од шпанскиот стратег Икер Ромеро, a ангажманот на Томовски е прв чекор кон камбекот во најсилната конкуренција за сезоната 2026/27.