Тимот на Младост Богданци го промовираше и шестото засилување за новата сезона во прволигашката конкуренција во која ќе влезе со големи амбиции.
Во Богданци се сели чуварот на мрежата Кристијан Костадиновски, кој доаѓа од суперлигашот Радовиш.
Богданчани имаат големи амбиции за наредната сезона и го донесоа Горан Андоновски на тренерската клупа.
Меѓу засилувањата се Гоце Аргиров, Даниел Андоновски, Никола Димитров, како и интернационалците Лазар Адамовиќ и Никита Соколов.