Женската младинска репрезентација на Македонија денеска замина за Црна Гора на Европското првенство што ќе стартува во среда.
Избраничките на Симе Симовски вечерва ќе го имаат последниот тест пред настапот на континенталниот собир.
Противник ќе биде селекцијата на Косово, која исто така се подготвува за настап на ЕХФ шампионатот за младинките.
Мечот се игра вечерва од 19:30 часот, а утре младинките ќе продолжат за Подгорица, каде ќе бидат до 20 јули.
Противници на Македонија на ЕП се Унгарија, Полска и Чешка, а прв ривал ќе бидат Унгарките в среда од 19:30 часот.