Словенечкиот репрезентативец Блаж Благотиншек ја продолжи соработката за уште три сезони и ќе остане во тимот на Фленсбург најмалку до 2028 година. Таму тренер е Словенецот Алеш Пајовиќ.
По една сезона во полскиот првак Висла Плоцк, Тим Цокан се врати во татковината и ќе го облече дресот на новиот словенечки шампион Слован Љубљана. Иако имаше активен договор со Висла, сепак двете страни решија да се разделат.
Словачкиот првак Татран Прешов по црногорскиот голман Данило Михаљевиќ се договори и со белорускиот кружен напаѓач Алексеј Ушал. 35-годишниот Ушал доаѓа со искуство од Татабања, Орошази, Бакау…
Претстојната сезона ќе биде последната во дресот на Фленсбург за данскиот репрезентативец Мадс Менса Ларсен. Актуелниот договор истекува летото 2026 година и најавата е дека двете страни нема да ја продолжат соработката.