Младост се засили со белоруски пивот

Тимот на Младост Богданци го договори четвртото засилување за претстојната сезона, а второ интернационално.

Поранешниот младински репрезентативец на Белорусија, Никита Соколов е нов член во составот на Горан Андоновски.

Соколов има 21 година, висок е 187 цм и настапува на пивотменската позиција, а неговиот договор со богданчани е на две сезони.

Белорусинот доаѓа од рускиот прволигаш Зилант од Казан и би требало да биде една од главните алки во составот на Младост Богданци, кој брка Супер лига.

Претходно Младост го донесе тренерот Горан Андоновски, како и Лазар Адамовиќ, Даниел Андоновски и Гоце Аргиров.