Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ е новата аквизиција на амбициозниот состав на Охрид.
Десното крило (30/191) стави потпис со “гладијаторите” на две сезони и останува во клубот наjмалку до 2027 година.
Ѓукиќ има одлична кариера зад себе и треба да биде големо засилување за Охрид.
Доаѓа од екипата на Динамо Букурешт-шампион на Романија, а пред тоа настапуваше за екипите на Вардар, Спортинг Лисабон, Мешков Брест, Келце, Бешикташ и Металург, со одлични настапи во Лигата на шампионите и ЕХФ Европската Лига.
За репрезентацијата на Србија бележи одлични настапи на официјални натпревари, светски и европски првенства.