Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги дознаа ривалите во групната фаза од Лигата на шампионите.
Битолчани ќе играат во групата Б против европскиот првак Магдебург, потоа Барса и ПСЖ, но и ПИК Сегед, Висла Плоцк, Загреб и ГОГ Гудме.
Стартот на новата сезона е планиран на 10 септември, а Еурофарм Пелистер ќе го пречека дома францускиот ПСЖ.
Во второто коло битолчани гостуваат кај каталонскиот гигант Барса, додека втор гостин во Битола ќе биде данскиот ГОГ Гудме.
Годинава ќе се заврши со гостување кај Загреб, додека останатите четири кола ќе се одиграат пролетта 2026 година.
Сепак овој првичен распоред, ќе мора дополнително да биде потврден од страна на ЕХФ по договорите со клубовите и ТВ партнерите.
Распоред на натпревари:
10/11.09.2025, 1 коло, Еурофарм Пелистер – ПСЖ
17/18.09.2025, 2 коло, Барса – Еурофарм Пелистер
24/25.09.2025, 3 коло, Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме
08/09.10.2025, 4 коло, Висла Плоцк – Еурофарм Пелистер
14/15.10.2025, 5 коло, Еурофарм Пелистер – Загреб
22/23.10.2025, 6 коло, Магдебург – Еурофарм Пелистер
12/13.11.2025, 7 коло, Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед
19/20.11.2025, 8 коло, ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
26/27.11.2025, 9 коло, Еурофарм Пелистер – Магдебург
03/04.12.2025, 10 коло, Загреб – Еурофарм Пелистер
18/19.02.2025, 11 коло, Еурофарм Пелистер – Висла Плоцк
25/26.02.2026, 12 коло, ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер
05/06.03.2026, 13 коло, Еурофарм Пелистер – Барса
11/12.03.2026, 14 коло, ПСЖ – Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите – Барса и европскиот првак доаѓаат во Битола!