Тимот на Куманово полека го склопува играчкиот кадар за наредната сезона, но дел од ракометарите заминаа од овој тим.
Меѓу оние што не се повеќе дел од составот на Куманово е чуварот на мрежата Христијан Михајловски.
Голманот и Куманово не се договорија за обновување на соработката, па секој ќе си продолжи на друга страна.
Досега Куманово ги ангажираше тренерот Аце Станковски, десното крило Александар Стојков, како и левите бекови Тоше Ончев и Виктор Трифуноски, додека продолжени се соработките со Христијан Крстаноски и Лука Матачиќ.