Машката младинска репрезентација на Македонија загуби третпат во групната фаза на Светското првенство во Полска. Подобар од избраниците на Раде Стојановиќ беше Исланд, кој славеше со 34-28. Сега следува ден одмор, па борбата во Президент Куп за пласман од 17 до 32 место и дуелите со Мексико и Мароко. Претходно Македонија беше поразена од Фарски Острови и Романија.
Oтвори противникот со водство со 2-0, откако нивниот голман Стеинсон одбрани два македонски шута, но нашите репрезентативци вратија набрзина и Белистојаноски од контра израмни на 2-2.
Потоа Исланѓаните повторно се вратија на плус два, а ние не искористивме момент кога имавме играч повеќе на теренот, се надоврза и Петковски со промашен пенал, па Исланд казни и отиде на највосоки плус три, 8-5.
Судиите досудија престрого исклучување за капитенот Андреј Стојановски, потоа и непостоечко пробивање на Марио Стојановски, и го навлекоа гневот. За среќа и Исланд промашуваше два пати по ред.
Но Карасманакис погоди пречка, па шутот на Калајџиески го одбрани Стеинсон, па водството на Исланд отиде на 11-5. Брестовац го замени Галевски на голот, и тргна со одбрана, но „рибарите“ ја одржуваа разликата од пет гола.
Брестовац одбрани уште неколку топки, влезе Глигоров во одбраната и Македонија се врати во мечот, 14-13. Уште по еден погодок падна на крајот на првиот дел на двете страни за 15-14 за Исланд на паузата.
Лошо го отворивме и второто полувреме со неколку грешки во серија, тоа го искористи противникот и поведе со 18-14, а постот од пет минути без гол го прекина Шулески, но нападот немаше многу решенија, или ударите завршуваа како плен на Стеинсон.
Беше 26-19 за Исланд во 45 минута и имаше се помалку време за камбек во натпреварот, па иако полесно постигнувавме погодоци во противнничката мрежа, сепак „рибарите“ рутински го довршија мечот.
Македонија:
Брестовац, Белистојаноски 1, Галески, Шулески 1, Т.Узунчев, Даневски 1, Стојановски 5, Петковски 2, Карасманакис 1, Субашевски, Димевски 4, А. Стојановски, Михајловиќ, Калајциески 2, Д.узунчев 10, Глигоров 1
Сега следува ден одмор, во понеделник и вторник се натпреварите против Мексико и Мароко, па потоа уште два за конечен пласман на овој Мундијал.