Откако избори место во елитата и следната сеозна, РК Струга работи на задржување на играчкиот кадар, но и за засилувања со кои ќе настапи следната сезона.
Клубот го задржат Ненад Костоски кој игра на позиција лево крило и тој го продолжи својот договор за уште една сезона.
Пред десет дена стружани потпишаа договор и сocмладиот Војо Клењоски. Управата најавува и нови засилувања, од Македонија и од странство со цел да има конкурентен тим за новата сезона.
Неизвесно е само дали тренерот Наум Танески ќе остане на клупата, бидејќи има понуда од Прилеп таму да продолжи, и тие преговори се веќе во напредна фаза.