Денеска беше комплетирано второто коло од групната фаза на Светското првенство за младинци во Полска.
Шест селекции се пласираа во главната рунда со по две победи, а домаќинот Полска е пред елиминација по поразот од Словенија.
Во ТОП 16 одат Австрија, Унгарија, Португалија, Хрватска, Шведска, како и Јапонија, каде што новиот вардарец Кавада даде четири голови во триумфот над Кореја.
Домаќинот Полска доживеа убедлив пораз од Словенија, па сега ќе мора да ја победи Норвешка за место во главната рунда.
СП младинци Полска, резултати, 2 коло:
група Б
Бразил – Австрија 24-32
Унгарија – Аргентина 36-31
група Д
Канада – Португалија 12-45
Хрватска – Алжир 35-24
група А
Уругвај – Норвешка 17-35
Полска – Словенија 21-31
група Ц
САД – Шведска 21-39
Јапонија – Јужна Кореја 35-28