Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и хрватскиот чувар на мрежата Филип Ивиќ потпишаа спогодбен раскин на договорот.
Иако Ивиќ имаше уште една година од договорот со битолчани, сепак двете страни решија дека најдобро ќе биде да се разделат.
Хрватскиот чувар на мрежата ќе се пресели во српскиот вицепрвак Војводина од Нови Сад и таму ќе биде замена за Андреј Трнавац.
Ивиќ дојде во Битола од францускиот Шамбери, имаше неколку добри партии, но не ги оправда очекувањата во целост.