Јапонски среден бек доаѓа во Вардар!

Во ростерот на Вардар за претстојната сезона ќе биде јапонскиот среден бек Харуки Кавада.

Тој ќе ја засили средната бековска позиција во „црвено-црниот“ тим, каде што се Марио Танкоски, Јака Малус и Николас Боно.

Кавада беше дел од јапонската младинска репрезентација на Азиското првенство минатата година и беше прогласен за МВП.

Сега настапува на СП во Полска и во првото коло во победата над САД даде пет погодоци.

Има само 19 години и е голема надеж, а Јапонците гледаат во него замена за Косуке Јасухира.