ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Стојановиќ со една промена за Романија

Машката младинска репрезентација денеска го игра вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство во Полска.

Противник е Романија, а по поразот од Фарски Острови, единствена опција за останување во игра за главна рунда е победа.

Селекторот Раде Стојановиќ направи една измена во составот во однос на првиот меч. На местото на Тодор Узунчев, на теренот ќе биде левиот бек Борјан Дамјаноски.

Дамјаноски ќе го има своето деби за Македонија на големите натпреварувања.

Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра во „Арена Катовице“ со почеток во 14:00 часот.

Состав на Македонија: Галевски, Брестовац, Субашевски, Стојановски М., Белистојаноски, Петковски, Карасманакис, Глигоров, Михајловиќ, Димевски, Дамјаноски, Димковски, Шулески, Калајџиески, Стојановски А., Узунчев Д.