Дербито на денот за Македонци

Дербито на денот на Светското првенство за младинци во Полска ќе мина со македонска арбитража.

Дуелот меѓу соседите Швајцарија и Германија е во центарот на вниманието, а ќе го судат Даниело Божиновски и Виктор Начевски.

Тие добија нова задача од ИХФ вторпат во два дена, а делегати на овој натпревар ќе бидат Нилсен од Данска и Бремер од Полска.

Македонската двојка ја судеше средбата меѓу Саудиска Арабија и Египет од премиерното коло на СП.