Одредени официјалните лица за суперлигашкиот бараж

Натпреварувачката Комисија на Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за бараж натпреварот за Супер лигата.

Мечот меѓу Струга и „витамините“ од Автокоманда ќе го судат Даниело Божиновски и Виктор Начевски, а ќе има двајца делегати.

Делегати на натпреварот во салата „Ристе Ристески Ричко“ ќе бидат Љупчо Јаневски и Војо Христовски.

Дуелот меѓу Струга и „витамините“ од Автокоманда ќе се игра на 12 јуни, в четврток, со почеток од 18:00 часот.