Познато е каде и кога ќе се бие битка за последното суперлигашко место!

Баражот за Супер лигата меѓу Струга и „витамините“ од Автокоманда го доби својот термин и место на одигрување.

Тој е закажан за в четврток од 19:00 часот во салата „Ристе Ристески Ричко“, по што ќе биде комплетирана суперлигашката конкуренција за наредната сезона.

Стружани го освоија петтото место во суперлигашкиот плеј-аут и ќе мора да го играат овој бараж за опстанок.

„Витамините“ од Автокоманда, во последното коло од прволигашкиот плеј-оф стигнаа до второто место и ќе имаат шанса за камбек во елитата по една сезона пауза.

За новата сезона во Супер лигата досега познати се 11 учесници – Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид, Тиквеш, Бутел Скопје, Пролет, Прилеп, Куманово, Радовиш, Еурофарм Пелистер 2 и „сино-белите“ од Автокоманда.