Aко немате билет: На видео бим ќе се гледа мечот Вардар – Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Вардар ги распродаде билетите за трофеј-мечот против Еурофарм Пелистер, но ги повика сите навивачи да бидат во фан зоната што ќе биде организирана веднаш до салата во СЦ „Јане Сандански“.

Според „црвено-црните“ во фан зоната ќе има забава, музика, пијалоци, наградни игри и голем водео бим каде ќе може да се следи натпреварот,за оние што немаат обезбедено билети.

Веќе утре од 16,30 часот ќе биде подготвена фан зоната, а мечот е закажан за 19,30 часот.

Средбата ќе реши кој ќе биде шампион на Македонија. Двета екипи имаат ист број бодови, но Вардар триумфираше на првиот меч во Битола.
Салата е распродадена.