Во меч кој решава за тоа која екипа ќе зврши како четвртопласирана и ќе игра сигурно во Купот на ЕХФ, екипата на Тиквеш на гостувањетово Охрид ќе биде без голманот Марјан Велков. Тој доби суспензија од еден меч од Дисциплинската комисија на РФМ.
Средбата меѓу Охрид и Тиквеш за закажана за вп недела во 20 часот во Охрид во салата во СЦ „Билјанини Извори“. На Охрид кој е фаворит на овој натпревар му треба најмалку бод за да го освои четвртото место, бидејќи на нивниот прв меѓусебен дуел во плејофот „гладијаторите“ триумфира во Кавадарци со 24-20. Во моментов двата тима се на делба на 4. место со по 5 бода.
Четвртопласираниот тим сигурно ќе игра во Купот на Европа, а петтопласираниот може да побара „влезница“ од ЕХФ, но тоа ќе зависи од бројот на пријавени екипи во тој куп.
На последниот натпревар меѓу Тиквеш и Вардар што го добија гостите од Скопје со 32-22, голманот Велков доби син картон од страна на судиите. Тоа значи автоматски еден меч неиграње. Одлуката е согласно член 114 од ДП на РФМ.
Главниот товар ќе падне на Игор Арсиќ, другиот голман на Тиквеш кој ќе мора да ја „спушти ролетната“ доколку Тиквеш сака да обезбеди сигурно место во европските купови.