На коло до крајот на суперлигашкиот плеј-оф/аут веќе е познато која екипа ќе мора преку бараж да го брка својот опстанок во елитната конкуренција.
Екипата на Струга остана на петтото место во плеј-аут со осум бодови, па дури и да победи со Прилеп во последното коло нема да биде подобропласирана од тоа место.
Тој натпревар за момците на Наум Танески е неважен, и сите сили треба да ги насочат кон битката со второпласираниот тим од прволигашкиот плеј-оф.
Тоа се „витамините“ од Автокоманда, екипата на Мулти Есенс кои во последното коло ја обезбедија втората позиција и местото во баражот.
Дуелот меѓу Струга и „вториот тим“ од Автокоманда ќе се одигра на 11/12 јуни на неутрален терен.