Тимот на Јехона славеше против Скопје со 36-34 во последното коло од прволигашкиот плеј-оф.
Гостите пружија солиден отпор во текот на целиот натпревар и гостиварци не можеа да бидат мирни во поглед на победата.
Во финишот беше 34-33, пред Салиу да ги постави конечните 35-33 и бодовите да останат дома.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Тасески со 11 и Салиу со осум голови, додека кај Скопје, Дарко Рангелов беше стрелец на 14 погодоци.