Со два меча беше комплетиран прволигашкиот плеј-аут и спуштена завесата за оваа сезона во оваа конкуренција.
Иако Шампион водеше со 26-23 во последните десетина минути, Аеродром направи голем пресврт и поведе со гол, 27-26, но Петровски беше човекот што од пенал во последните моменти му донесе бод на Шампион.
Александар Симоновски имаше шест гола за Аеродром, додека Стефан Огненовски постигна седум погодоци за Шампион.
Струмички Астраион на домашен терен во Радовиш го победи составот на Преспа Вардар со 24-26, a предводник беше Гоце Аргиров со девет гола. Во составот од Ресен по пет голови дадоа Милошевски, Костовски и Георгиевски.
На табелата, Партизан Гевгелија заврши прв со 18 бода, Шампион е втор со 12, додека Текстилец има 11 на третото место.