„Витамините“ од Автокоманда го завршија прволигашкиот плеј-оф на втората позиција и ќе игра суперлигашки бараж.
Тимот на Миле Бочкаровски славеше во последното коло над Драчево со 31-24 и го потврди второто место на табелата.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Марин Крстевски со седум гола, додека кај Драчево се истакна Ѓорѓи Дука со осум погодоци.
Македонија Ѓорче Петров беше во игра за втората позиција, но во последните две средби со Еурофарм Пелистер 2 не освои бод и на крајот заврши трета.
По комплетирањето на сите средби, прв низ целта мина Еурофарм Пелистер 2 со 36 бода, втори се „витамините“ од Автокоманда со 27, додека трета е Македонија ЃП со 25 бодови.
„Витамините“ на 10/11 јуни ќе играат со Радовиш или Струга за последното место во Супер лигата.