Претстојното лето ќе се одржи десеттото, јубилејно издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.
Организаторите го одредија терминот за турнирот, а натпреварите ќе се играат од 21 до 24 август во Прилеп.
Како и секоја година, така и оваа, на турнирот покрај домаќинот Прилеп, ќе играат уште пет екипи од Македонија и странство.
Минатата година, тимот на Охрид го освои трофејот на турнирот „Миле Нешкоски“ што се игра во чест на легендарниот ракометар од Прилеп.