Организаторот на завршниот турнир во Купот на Македонија, екипата на Охрид, објави дека во продажба ќе бидат пуштени билетите за натпреварите в сабота и недела.
Поединечните билети за полуфиналните средби ќе чинат 200 денари, а групен билет за двата меча в сабота на 31 мај ќе чини 300 денари.
Билетите за финалниот натпревар в недела на 1 јуни чини 300 денари, а продажбата ќе стартува в среда.
Таа ќе започне точно на пладне, а билетите ќе се продаваат на стандарните локации – кај Аждер и на билетарницата на СРЦ „Билјанини Извори“ од 18:00 до 20:00 часот секој ден.
Првото полуфинале меѓу Вардар и освојувачот на Куп трофејот се игра в сабота од 17:00 часот, додека вториот полуфинален меч меѓу домаќинот Охрид и Еурофарм Пелистер е в сабота од 19:30 часот.
Финалето е закажано за в недела на 1 јуни од 17:00 часот.