ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Бутел и Тиквеш во битка за Европа – го отвораат 8 коло

Со дуелот од 18:00 часот во салата „Антон Димитров“ меѓу Бутел Скопје и Тиквеш ќе започне 8 коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Бутелци победија во Кавадарци, а потоа загубија дома во регуларниот дел, додека во плеј-офот загубија во драматична завршница во „Јасмин“ и сега ќе имаат мотив плус за реванш.

Охрид е на четвртото место на табелата со пет бода, кавадарчани се петти со три бода, додека Бутел Скопје се наоѓа на шестата позиција со два бода.

Четвртото место води во Европскиот Куп, можеби и петтото, па затоа овој дуел е важен за двете екипи.

Свои предизвици во домашните шампионати каде што настапуваат ќе имаат Јована Кипријановска, Ива Младеновска и Раде Стојановиќ.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ТРИМО ТРЕБЊЕ – СЛОВАН ЉУБЉАНА (СЛОВЕНИЈА)
20:00 АШЕНХАЈМ – САМБР АВЕНУА (ФРАНЦИЈА)
20:00 БЕЗАНСОН – СЕН АМАН (ФРАНЦИЈА)