На домашна сцена денеска ќе се одиграат две средби – една од прволигашкиот плеј-оф и една од плеј-аутот во Женската лига.
„Витамините“ од Автокоманда ќе му гостуваат на тимот на Скопје во битката за баражот за Супер лига.
Во плеј-аутот од Женската лига, битолчанки ќе го пречекаат Ѓорче Петров 2 и ќе се обидат со триумф да останат во игра за првото место на табелата.
Од интернационалците, настапи со своите клубови ќе имаат македонските репрезентативци Сара Ристовска и Мартин Томовски.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
19:00 СКОПЈЕ – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 (МАКЕДОНИЈА)
14:00 ЈАШИ – РАПИД БУКУРЕШТ (РОМАНИЈА)
19:00 РАЈН НЕКАР ЛЕВЕН – ПОТСДАМ (ГЕРМАНИЈА)