Левото крило Себастијан Бартолд по осум сезони на лето ќе си замине од данскиот Алборг.
Според „RTHandball“, норвешкиот репрезентативец е на добар пат да се пресели во германскиот Магдебург.
Бартолд постигна 1.232 погодоци досега за Алборг во неговиот осумгодишен престој и беше меѓу најдобрите стрелци.
Имаше интерес за неговите услуги и од унгарскиот ПИК Сегед, но се чини дека ќе заврши во Бундес лигата.