„Пантерот“ се врати со стил – Томовски одбрани 13 удари за едно полувреме!

Мартин Томовски по подолго време се врати во националниот тим и го оправда повикот од селекторот Кирил Лазаров.

Голманот на бундеслигашот Потсдам имаше одлична партија на гостувањето кај Естонија, каде Македонија славеше со 36-17.

„Пантерот“ успеа да запре 13 удари од 19 обиди на домашните ракометари за едно полувреме во кое го бранеше голот и имаше 69% успешност, па заслужено беше МВП на мечот.

Македонија по триумфот над Естонија има четири бода на третото место и ќе ја „брка“ Литванија, која е втора со шест, но има и плус два гола од првиот меѓусебен дуел.

Секоја победа од три гола па нагоре ја носи Македонија на второ место и сигурен пласман на ЕП. Во сите други ситуации ќе мора да се пребројуваме со бодови и гол-разлики со другите седум третопласирани селекции.