Натпреварот од петтото коло од квалификациите за ЕП 2026 меѓу Летонија и Србија ќе остане во историјата на ракометот, како меч во кој на клупите на двете репрезентации, селектори биле двајца браќа.
Далибор и Давор Чутура, некогашни ракометари, од кои вториот играше своевремено во Еурофарм Работник, се предводници на Летонија и Србија.
Помладиот Давор, веќе неколку години по завршувањето на играчката кариера седи на клупата на Летонија.
„Не најдов податок дали досега имало нешто вакво, особено не на ниво на репрезентации. Освен што ова е нешто посебно за нас, замислете колку е ова тешко за нашите семејства, пријатели, соиграчите од играчките денови, тренерите кои нас не тренирале, играчите со кои сме соработувале, луѓето што биле дел од нашиот пат и нивен е овој историски успех“, изјави Давор.
Далибор седна на српската клупа по заминувањето на Ројевиќ, а пред доаѓањето на Раул Гонзалез.
„Посебно сум среќен и горд поради Далибор што поради сплет на околности се најде на селекторската позиција во Србија. За тоа време покажа колку вреди и колку може да пружи. Како противнички тренер, можам да видам дека остава печат на српската селекција. Цела спортска јавност виде позитивна енергија, која владее меѓу играчите, што е многу важно“, продолжи Давор.
Тој е трета година на купата на Летонија, која изврши голема смена на генерација и не играат искусните ракометари.
„Трета година сум во Летонија, задоволен сум од напредокот, иако сме најмлада репрезентација во Европа. Не можеме да се споредуваме со Србија, свесни сме за односот на силите, но сме концентрирани на нашите задачи кои придонесуваат оваа селекција да напредува од циклус во циклус“, заврши Давор.
Летонците ги намачија Србите во квалификацискиот меч и дома загубија само со еден погодок разлика, 27-26, а последен предизвик за нив ќе биде гостувањето кај Шпанија.