Иако Швајцарија водеше во текот на мечот со пет гола, а во последните три минути влезе со водство, 32-29, Германија успеа да се извлече од бездната, да одигра реми во драматична завршница и да се пласира на ЕП 2026.
На 44 секунди до крајот Енди Шмид повика тајм-аут, но Вулф го запре ударот на Сигрист, па имаше време за Германците да организираат напад. По тајм-аутот на Гисласон, Вицке изнуди седмерец, кој го реализира Кнор за реми, 32-32.
Ова реми и носи прво место во групата на Германија и пласман на ЕП, а Швајцарија и Австрија, ќе играат меѓусебе во последното коло и ќе решат која селекција ќе биде втора, но многу веројатно и двете одат на ЕП. Германија има осум бода, а Швајцарија и Австрија по шест.
Чешка го победи Луксембург со убедливи 35-22 и исто така се пласира на континенталниот собир од второто место во групата во која се наоѓаат Хрватска и Белгија.
Квалификации за ЕП, резултати:
ЛИТВАНИЈА – СЛОВЕНИЈА 28-31
СЛОВАЧКА – УНГАРИЈА 24-39
ТУРЦИЈА – АВСТРИЈА 29-34
ЛУКСЕМБУРГ – ЧЕШКА 22-35
ШВАЈЦАРИЈА – ГЕРМАНИЈА 32-32
20:00 БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – ИСЛАНД
20:10 БЕЛГИЈА – ХРВАТСКА
ЕХФ Евро Куп, резултати:
НОРВЕШКА – ДАНСКА 26-39
ШВЕДСКА – ФРАНЦИЈА 32-33