Турингер го освои трофејот во Лигата на Европа – во драматично финале падна Икаст!

Германскиот Турингер го освои трофејот во Лигата на Европа, откако во драматичен финален натпревар на Ф4 турнирот во Грац го совлада данскиот Икаст со 34-32.

Икаст водеше со 15-11 во првиот дел, потоа Турингер го сврте мечот предводен од голманката Екерле и се одлепи на 33-28. Данскиот состав не се откажа и се бореше со сите сили за камбек и продолжување на сонот, но Екерле одново стапи на сцена и немаше време за нешто повеќе од чесен пораз за Икаст.

Покрај голманката Екерле, меѓу најдобрите кај победникот беше левиот бек Јоана Реихерт, која даде 13 гола, и заедно со оние 16 од полуфиналето, таа беше најдобар стрелец на Ф4 со 29 гола, а беше прогласена и за МВП.

Претходно во полуфиналните средби Икаст го доби Бломберг со 28-18, додека Турингер беше подобар од Дижон со 35-29. Во битката за третото место составот на Дижон славеше против Бломберг со 32-27.