Тимовите на Икаст и Турингер ќе се борат во финалето на завршниот турнир за титулата во Лигата на Европа.
Данскиот тим немаше никакви проблеми во полуфиналето и го елиминира вториот германски состав на Ф4, Бломберг Липе, кој беше совладан со 28-18.
Предизвикувач на Икаст ќе биде Турингер, кој славеше против францускиот Дижон со 35-29 во вториот полуфинален натпревар.
Овој дуел го одбележа левиот бек Јохана Рајхарт која постигна дури 16 голови во мрежата на Дижон.
Завршниот турнир во Лигата на Европа се игра во „Рајфајзен Арена“ во австрискиот град Грац, а утре од 15:00 е мечот за трето место, додека големото финале ќе започне од 18:00 часот.