Андоновски и Самадреџа на чекор до финале на плеј-офот

Тимот на Самадреџа, кој е предводен од македонскиот стратег Горан Андоновски, се наоѓа на чекор до финалето на плеј-офот во Косово.

Самадреџа, за која игра и македонската интернационалка Бојана Радевска, славеше на гостински терен кај Феризај со 31-23.

Сега Самадреџа води во серијата до две победи со 1-0 и со триумф на домашен терен ќе го потврди пласманот во финалето.

Радевска беше стрелец на два гола во противничката мрежа, а вториот натпревар од полуфиналето се игра утре.