Сташ Скубе се враќа дома!

Средниот бек Сташ Скубе би требало да биде најголемото летно засилување за амбициозниот словенечки состав на Слован Љубљана.

Според „Handbalia“, Скубе ќе биде замената за Јака Малус, кој дресот на Слован Љубљана ќе го замени со оној на Вардар.

Скубе се врати на терените по тешката повреда и има успешни настапи за францускиот Монпелје со кој се пласира на завршниот турнир во Лигата на Европа.

Словенецот две сезони го носеше дресот на Вардар од 2018 до 2020 година, а со „црвено-црниот“ тим се искачи на европскиот трон.

Во татковината играше за Тримо Требње и Горење Велење, беше дел и од ПИК Сегед, а по заминувањето од Скопје настапуваше и за Мешков Брест.