Поранешниот среден бек на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ, ќе има нов предизвик во кариерата.
По една сезона во грчкиот Олимпијакос, екс босанскиот репрезентативец ќе се пресели во швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен.
Периќ покрај настапите во Извиѓач и Босна Сараево во татковината, настапуваше и за катарскиот Спорт Клуб, романските Дунареа Калараши и Одорхеи, пред да замине во Бундес лигата.
Таму го носеше две сезони дресот на Гепинген, па дојде во Битола, каде исто така остана две сезони пред камбекот во Татабања, од каде замина во Грција.
Покрај Периќ, Кадетен Шафхаузен се договори и со чешкиот репрезентативец Даниел Резнички.