Актуелниот освојувач на Купот – „сино-белите“ од Автокоманда, без проблеми обезбедија пласман на Ф4 турнирот.
Откако во полуфиналето од првата група славеа против „помалото братче“ со 37:12, во финалето триумфираа над Пролет со 42:12.
Двете екипи излегоа со комбиниран состав, а домашниот тим победата ја најавија уште во првиот дел, кој го доби со 18:12.
Најефикасен во победничкиот табор беше Дамјан Митев со осум погодоци, а кај Пролет први стрелци беа Димитар Симоновски, Мише Шилегов и Андреј Стојановски со по четири погодоци.
Куп на Македонија, групна фаза, резултати:
Алкалоид – Мулти Есенс 37-12
Партизан Гевгелија – Пролет 28-43
Алкалоид – Пролет
група 2 (сала Боро Чурлевски)
Еурофарм Пелистер – Куманово 43-30
Радовиш – Струга 43-34
Еурофарм Пелистер – Радовиш 50-25
група 3 (сала Боро Чурлевски)
Борец – Еурофарм Пелистер 2 0-10
Вардар – Бутел Скопје 33-30
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 25-28
група 4 (сала Билјанини Извори)
Прилеп – Охрид 27-32
Тиквеш – Аеродром 41-30
Oхрид – Тиквеш 34-25