МВП НА 5. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ЛУКА МАТАЧИЌ (КУМАНОВО)

Членот на Куманово, Лука Матачиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на петтото коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Хрватскиот интернационалец беше меѓу најдобрите поединци во триумфот против Борец ФЛ, а освен што погодуваше, зад своето име запиша и неколку асистенции.

Матачиќ немаше конкуренција на гласањето, освои неверојатни 83% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Дмитро Горига од Вардар со 8%.

Номинирани за МВП на петтото коло од плеј-оф/аут фазата беа уште Мартин Серафимов, Томислав Квастек, Гал Цирар, Мигел Еспиња и Давор Палевски.