Поширок список на Лазаров – еве кои ракометари се во комбинација за Естонија и Литванија

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров објави поширок список на ракометари пред последните две кола од квалификациите за ЕП 2026.

На него се најдоа 35 ракометари, од кои ќе се бараат оние што ќе играат на двете средби на кои ќе се решава судбината околу пласманот на ЕП 2026.

На списокот ги нема повредените Марко Митев и Цветан Кузманоски, кои ги чека долга пауза од ракометните терени, а го нема ниту Никола Костески, кој исто така се рехабилитира од повреда.

Сите други имиња се стандардните кои беа во комбинација и досега, па нема големи изненадувања.

Наптреварот против Естонија се игра во Талин на 8 мај од 18:00 часот, додека оној против Литванија е на програмата на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

Македонија мора да чека пораз на Литванија, иако Словенија таму ќе оди со трет состав, за да остане во конкуренција за второто место. Во секоја друга комбинација, ќе се бори за трето место, ќе треба двапати да победи, но и да пресметува гол-разлика со другите третопласирани селекции од сите групи.