Членот на Радовиш, Лазар Адамовиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на четвртото коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Српскиот интернационалец одигра одлично на гостувањето во Прилеп и со дури 11 реализации беше меѓу најзаслужните за освоените два бода.
Адамовиќ немаше конкуренција на гласањето, освои околу 71% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Александар Стојков од Струга со 13%.
Номинирани за МВП на четвртото коло од плеј-оф/аут беа уште Жарко Пешевски, Стефан Петриќ, Александар Ѓурѓевиќ, Игор Ѓорѓиев и Давор Палевски.