Фленсбург на чекор до Ф4, Мелсунген се изнамачи со жилавата Бидасоа

Бундеслигашот Фленсбург победи на гостувањето кај Фленсбург со 29-26, иако домашниот тим пружи силен отпор и беше во егал подолго време. Предводник на германскиот тим беше Емил Јакобсен кој погоди седум пати во домашната мрежа, а голманот Кевин Мелер имаше 15 одбрани, додека седум гола за ГОГ даде Тобијас Грондал.

Германскиот Мелсунген славеше со минимални 28-27 славеше против Бидасоа и со мала залиха ќе патува на реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа. Во првиот дел Мелсунген диктираше темпо и во повеќе наврати имаше предност од два гола, а со таа разлика замина и на пауза, 15-13.

Сепак во вториот дел Бидасоа предводена од браќата Салинас успеаја да направат огромен пресврт. Шпанскиот тим десетина минути не прими гол, а во нападот погодуваше и поведе со 19-15.

На Мелсунген му требаше подолго време да се опорави од шокот. Без Симиќ меѓу статитивите, но и без Кристопанс, Менсинг…избраниците на Парондо едвај успеаја да се вратат во егал, а преку Баруфет и да поведат пак во мечот, 27-26, на пет минути до крајот.

Во финишот, бундеслигашот водеше и со плус два, но Шпанците се изборија за минимален пораз и ќе имаат убава шанса на реваншот за да го елиминираат тимот на Парондо.

Најдобар стрелец во победничкиот состав беше Баруфет со шест гола, а за Бидасоа исто толку даде Нието.