Во среда, 23 Април од 9:30 до 13:00 часот, МaxBet организира акција за дарување на крв во својот локал “Дабар 3” со адреса на ул. Фрањо Клуз бр. 7, Скопје. Оваа акција е 71-ва по ред која МаxBet ја реализира во рамките на својата иницијатива “Животот е крв” и прва која се одржува во Скопје, во соработка со Црвениот Крст на Република Северна Македонија и Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.
Ги повикуваме сите сограѓани да одговорат на оваа акција и да ја споделат со своите членови на фамилијата и пријателите, како би ја подржале оваа хуманитарна иницијатива заедно со нас. Вашата помош е од непроценлива вредност во обезбедувањето на потребните залихи на крв, кои се од клучно значење во итните медициски ситуации и неретко одлучуваат во спасување на човечки живот.
МаxBet обезбеди за сите дарители на крв симболичен поклон за благодарност за нивниот несебичен придонес.
Спаси живот – дарувај крв.