Најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра пред полни трибини во „Боро Чурлевски“.
Билетите за мечот што ќе биде многу значаен во битката за титулата беа пуштени во продажба на пладне.
Но само седум минути беа доволни за да се распродадат и јасно е дека Вардар го чека пекол во Битола.
Натпреварот е закажан за 24 април в четврток со почеток во 18:30 часот.