Јанеска Килдан даде 15 гола – сама го елиминира Јенимале!

Македонската репрезентативка Моника Јанеска Килдан беше меѓу најзаслужните за двојната победа на нејзиниот Трабзон Ортахисар во турскиот шампионат.

Во разигрувањето за пласман од 5 до 8 место, Трабзон славеше на два пати против Јенимале и сега ќе игра за петтото место што води во Европа.

На првата средба беше 40-30 за Трабзон, а Јанеска беше втор стрелец во победничкиот тим со седум погодоци.

Вториот натпревар го доби исто така Трабзон со 37-31 и со 2-0 во победи го елиминира Јенимале.

На овој дуел, македонската репрезентативка беше најдобра на теренот и постигна осум гола во противничката мрежа.