Утре на пладне стартува продажбата на билети за „вечното дерби“ во Битола

Првото „вечно дерби“ на Македонија од суперлигашкиот плеј-оф меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра претстојниот четврток во Битола.

Раководството на битолскиот клуб најави дека утре на пладне ќе стартува продажбата на билети за двобојот што секогаш предизвикува големо внимание.

Битолчани се први на табелата со 11 бодови, Вардар е втор со десет, и јасно е дека двомечот меѓу овие две екипи ќе го решава шампионот.

Судии на големото дерби ќе бидат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:30 часот.