Бранко Тамше презема амбициозен словенечки клуб

Словенечкиот стратег Бранко Тамше, од лето би можел да има нов предизвик во тренерската кариера.

Според „Екипа 24“, Тамше има понуда на маса од словенечкиот Словењ Градец“, кој оваа сезона ќе заврши во ТОП 8 во домамшното првенство, но има зголемени амбиции.

Taмше, кој е роден во Словењ Градец, нема ангажман по заминувањето од Нексе Нашице, а своевремено беше во комбинација и за Еурофарм Пелистер.

47-годишниот Словенец ги водеше долго време Горење Велење и Целје, а беше на клупата и на двата најдобри хрватски клубови – Загреб и Нексе.